Серена ќе игра за осма титула на Вимблдон, во полуфиналето ја надигра Стрицова

Серена Вилијамс финале

Американката Серена Вилијамс се избори за ново финале на Вимблдон откако ја совлада Барбора Стрицова од Чешка со два рутински сета (6-1, 6-2).

Скоро со идентичен тек на настаните во двата сета големата фаворитка забележа нова победа во Лондон. Таа направи по два брејка во секој сет и многу лесно си ја заврши работата за точно еден час игра.

На патот на осмата титула на Грен слем турнирот на трева и стои Романката Симона Халеп, која претходно го доби полуфиналниот дуел со Елина Свитолина од Украина.

Големото финале во женска конкуренција е закажано за в сабота, а ден подоцна мечот за титула ќе го одиграат и тенисерите.