Серена ја „уништи“ Ванг за 44 минути и запиша јубилеј на УС Опен

Серена Вилијамс

Првата фаворитка на УС Опен, Серена Вилијамс, испушти само еден гем и експресно се пласира во полуфиналната фаза.

Домашната тенисерка ја надигра Кијанг Вонг од Кина со убедливи 6-0, 6-1 за само 44 минути игра.

Првите пет гемови од мечот ги освои за само 15 минути и не се заврти назад. Во продолжението продолжи да ја „меле“ противничката и со голема леснотија се пласира меѓу најдобрите четири.

Шесткратната шампионка во Њујорк запиша јубиулеј и ја оствари победата број 100 на Отвореното првенство на САД.

На патот од финалето ќе ѝ стои Украинката Елина Свитолина.