Серена и Свитолина во второто коло на Ролан Гарос

Серена

Серена Вилијамс го доби американскиот дуел во првото коло на Ролан Гарос против сонародничката Кристин Ан (7-6/2, 6-0).

Мечот траеше еден час и 44 минути и заврши со ас сервис на фаворитката, која лесно се избори за втор натпревар на Грен слем турнирот во Париз. Следна противничка за неа ќе биде Цветана Пиронкова од Бугарија.

Украинката Елина Свитолина ја победи руската тенисерка Варвара Грачева (7-6, 6-4). За пласман во третото коло таа ќе се бори против Мексиканката Рената Сарасуа.

Засега нема преголеми изненадувања на стартот од турнирот во француската престолнина.