Серена губеше, па со пресврт стигна до трето финале во Торонто

Серена Вилијамс Торонто

Фаворитката за титулата во Торонто, Серена Вилијамс, обезбеди финале со победата над чешката тенисерка Мари Бушкова во полуфиналето (1-6, 6-3, 6-3).

Мечот започна подобро за аутсајдерката која со фуриозна игра стигна до убедлива предност. Но, потоа Американката заигра на посакуваното ниво и направи целосен пресврт. Двата сета кои следуваа ги доби со идентичен резултат и се израдува на победата.

Ова за Серена ќе биде трето финале на турнирот во Канада. На претходните две беше успешна и освои два шампионски трофеи.

На патот до титулата противничка ќе и биде младата домашна миленичка Бианка Ванеса Андрееску.