Сензацијата на УС Опен го предаде мечот, Оже-Алијасим во полуфинале

Феликс Оже-Алијасим е вториот патник во полуфиналето, откако по еден час и девет минути игра дојде до победата против Карлос Алкараз.

Сензацијата на УС Опен поради повреда го предаде дуелот, при негатива од 1-0 по првиот сет кој Канаѓанецот го доби со 6-3, а потоа на 3-1 во вториот дојде до крај на пресметката. 18-годишниот Алкараз беше можеби најпријатното изненадување на турнирот, но неговиот пат заврши во фазата на осумте најдобри. 

Од друга страна, Оже-Алијасим за првпат ќе игра во полуфиналето на еден Грен слем турнир. Сепак, неговата задача нема да е лесна, бидејќи за ривал го има вториот носител Данил Медведев. 

Најнови вести од
УС Опен