• Зоран Мишевски
Руската тенисерка Мира Андреева ја освои титулата на турнирот во Индијан Велс. Таа вечерва во финалето по три сета со 2-6, 6-4, 6-3 ја победи светската тенисерка број еден, Белорусинката Арина Сабаленка.
Мечот траеше 126 минути и понуди многу драма. Андреева, единаесеттата тенисерка во светот, четири пати го одзеде сервисот на белоруската тенисерка, додека Сабаленка направи три брејка.
Со оваа победа 17-годишната Андреева ја освои втората титула во кариерата и од понеделник ќе биде шеста на ВТА ранг-листата.