Сензација во Мелбурн: Ветеранот Монфилс го исфрли четвртиот светски рекет!

Францускиот тенисер Гаел Монфилс приреди големо изненадување, елиминирајќи го Тејлор Фриц во третото коло на Австралија Опен. Искусниот 38-годишен играч со пресврт и повеќе од три часа борба го исфрли четвртиот играч на планетата – 3-6, 7-5, 7-6 /1, 6-4.

Монфилс играше како во своите најдобри денови, беше атрактивен, експлозивен, постојано притискајќи го сервисот на Американецот. По првиот сет се чинеше дека Фриц рутински ќе го реши мечот во своја корист, но компликациите започнаа многу брзо, кон крајот на вториот сет, кој Гаел направи брејк во дванаесеттиот гем. Во третиот сет Монфилс имаше само две брејк топки, но доминираше во тај-брејкот (7-1).

Фриц имаше две шанси да го одземе сервисот на Монфилс во четвртиот гем од четвртиот сет, но тоа не му успеа, а казната дојде во деветтиот гем, кога Французинот направи брејк и голек чекор кон победата.

Гаел Монфилс играше во четвртфиналето во Мелбурн двапати во кариерата, во 2016 и 2022 година. Неговиот следен ривал ќе биде подобриот од дуелот меѓу Бен Шелтон и Лоренцо Музети.