• Горан Упале
Медисон Кис приреди големо изненадување во финалето на Австралија Опен. Во пресметката за трофејот аутсајдерката ја совлада Арина Сабаленка со 2-1 во сетови и го забележа најголемиот успех во својата кариера.
Најдобрата тенисерка на денешницата битката за трофејот ја започна со големи проблеми на свој сервис. Ретко кој очекуваше дека Кис ќе направи два брејка и уште на стартот да поведе со 1-5. Првата тенисерка на светот по лошиот вовед уште за момент да се врати, се избори за еден брејк и ја намали предноста на противничката, но немаше сили за целосен пресврт и Кис поведе со 1-0 во сетови (6-3).
Сепак, во вториот сет работите си дојдоа на свое. Белорусинката завладеа на теренот влезе во претпознатлив ритам и со два брејка се одлепи на 5-1. Оваа предност искусно ја сочува и откако ја искористи третата сет топка израмни на 1-1 (6-2).
Во последниот сет во водеше вистинска битка. Двете тенисерки играа без грешка на своите сервиси, и тоа беше така до дванаесеттиот гем, кога Американката поентираше во вистински момент и извојува историска победа.
До крајот на првиот Грен слем оваа година преостанува уште едно финале во сингл – во машка конкуренција меѓу Синер и Зверев.