• Иван Димовски

Александер Зверев сигурно победи против Тејлор Фриц со 3-0 и се пласира во полуфиналето на Вимблдон. Мечот на главниот терен во Лондон траеше час и 57 минути, а Германецот демонстрира сила и лесно го реши во своја корист.
Првиот и вториот сет Зверев ги доби со по ист резултат, со по еден брејк со по 6-4. Во третиот сет германскиот ас двапати одзеде противнички сервис, па со сигурни 6-2 го затвори мечот.
Интересно е дека ривал во полуфиналето ќе му биде големото изненадување Артур Фери. Британецот славеше против Флавио Коболи со 3-0. Иако Коболи беше деветти носител на турнирот, десетти на АТП ранкингот, а Фери котира на 114. позиција мечот заврши во негова корист.
Мечот траеше два часа и 15 минути, првиот сет Фери го доби со 6-4, во вториот се играше тај-брејк со 7-4, а за крај славеше со 6-0.




