Сензација на Индијан Велс: Зверев елиминиран од сонародникот Штурф

Зврев

Германскиот тенисер Александар Зверев доживеа шокантен пораз уште во раната фаза на турнирот во Индијан Велс.

После еден час и 12 минути игра, 21-годишникот загуби во два сета од неговиот сонародник Јан-Леонард Штурф (6-3, 6-1). Овој епилог сигурно е поздравен од тимот на Новак Ѓоковиќ, кој сега има отворен пат до големото финале.

Нивниот меѓусебен дуел требаше да биде едно од полуфиналињата, кое го спречи 55. тенисер на светот.

Поради дождивото време, Србинот одигра само 15 минути против Филип Колшрајбер. Мечот ќе продолжи вечерва со почеток од 22:00 часот.