• Иван Димовски
Новак Ѓоковиќ ја исполни својата главна цел за 2024 година, а тоа беше да го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз. Србинот имаше мака со повредите во изминатиот период, нема Грен слем трофеј годинава, но успеа да ја темпира формата за настапот во Париз.
Откако го освои златниот медал, тој веднаш од теренот се упати на трибините каде што беше неговото семејство и стручен штаб. Големиот Ѓоковиќ не можеше да ги задржи солзите и емоциите го надвладеаја во моментите кога ги прегрна своите деца Тара и Стефан.
Овој златен медал на Олимписките игри е „шлагот на тортата“ во кариерата на Новак Ѓоковиќ, бидејќи тоа беше единственото одличје кое што му недостигаше.