Сем Квери доби и условна и парична казна за бегството од Русија

Тенисерот од Соединетите Американски Држави, Сем Квери, доби условна казна, бидејќи ги прекрши правилата на АТП на турнир среде пандемија. Имено, Квери побегна од Русија, додека се одржуваше турнирот во Санкт Петербург.

Американецот со сопругата и синот биле позитивни на коронавирус и наместо да останат во 14-дневна изолација, избегале од Русија. Тенисерот организирал приватен лет и преку ноќ го напуштил Санкт Петернург. АТП му изрече шестмесечна условна казна на Квери и го олесни за 20.000 долари.

Квери се очекува да настапи на првиот Грен слем турнир во 2021 година, Австралијан опен од осми февруари.