Секоја чест за Циципас: Пет минути пред финалето дознал ужасна вест

Циципас Стефанос

Стефанос Циципас одигра „машки“ во текот на финалето на Ролан Гарос, но немаше среќа да излезе како победник во дуелот со Новак Ѓоковиќ.

Грчките меидуми пренесуваат дека финалниот меч за 22-годишникот бил исклучително тежок поради тажна вест која ја добил непосредно пред да излезе на терен. Неговата баба починала, а таа беше една од најблиските личности во неговиот живот.

Колку му беше тешко, можеше да се забележи на крајот од мечот. Едвај можеше да зборува и силно се бореше да не покаже големи емоции.

Циципас се бореше до крај и покажа зрелост која ги краси големите шампиони...