ФОТО: Сеир на денот на Вимблдон – откриена причината зошто Кирјиос го загуби финалето!

Ник Кирјиос за првпат во својата кариера ја почувствува атмосферата од едно Грен слем финале. На неофицијалното Светско тениско првенство, австралискиот ас стигна до својот најголем успех во кариерата, но не успеа да приреди сензација во финалето и со 3-1 го загуби од Новак Ѓоковиќ.

По завршувањетп на финалната средба на социјалните мрежи се појави фотографија со која се исмејува контроверзниот Австралиец и се наведува како главна причина за поразот во финалето. Имено, Кирјиос пред извесен период беше фотографиран со дрес на Тотенхем, тим кој во последните години е меѓу најдобрите во Англија и Европа, но е редовен губитник во финалните пресметки.

Ѓоковиќ со денешната победа стигна до својот 21. Грен слем трофеј во кариерата, а седми на Вимблдон.