„Сега ќе биде уште потешко, ќе играме против Мареј и Ѓоковиќ заедно“

Шпанецот Карлос Алкараз за домашните медиуми откри што мисли за соработката помеѓу Новак Ѓоковиќ и неговиот долгогодишен ривал, Енди Мареј. 

Алкараз е убеден дека овој тандем може да донесе одлични резултати и зборуваше за нив само со пофални зборови, велејќи дека сега Ѓоковиќ ќе биде уште потежок ривал. 

„Техниката на Ѓоковиќ и знаењето на Мареј? Тоа ќе биде неверојатно. Мислам дека сега ќе биде уште потешко да се игра против Новак, се чувствувам како да треба да се натпреварувам со двајцата“, изјави Алкараз. 

Најдобрите светски тенисери се подготвуваат за настап на Австралија Опен, кој ќе започне на 6 јануари следната година. Во моментов Алкараз е третопласиран на АТП листата, додека Ѓоковиќ се наоѓа четири места подолу.