Се огласи „пијаната“ жена која според Кирјиос испила 700 пијалоци и беше отстранета од финалето

Анија Палус, која привремено беше исфрлена од финалето на Вимблдон, рече дека температурата влијаела на неа додека го гледала натпреварот. 

Полската медицинска адвокатка рече дека се обидувала да го поддржи Кирјиос, а не да му наштети како што австралискиот тенисер ја претстави. Имено, во третиот сет од финалето Кирјиос побара од главниот судија да биде отстранета жена од првите редови на трибините, затоа што според него била пијана и се однесувала како да испила 700 пијалоци.

„Сакав да покажам дека навивам за него, сакав да го охрабрам. Се напив само два пијалоци – розе и пимс“.

Таа, исто така посочи дека го поддржува Киријос затоа што страдала од депресија, исто како Австралијанецот.

„Сакав да му дадам поддршка. Беше многу топло и можеби отидов предалеку..., но имав само добри намери“, рече Палус.

Таа доби вода и ѝ беше дозволено да се врати во мечот по околу петнаесет минути, за да го гледа остатокот од финалето.