Се огласи и Надал: Неверојатно е дека тројцата имаме ист број титули...

Новак Ѓоковиќ ја освои титулата на Вимблдон, во отсуство на своите најголеми ривали во големото финале. Роџер Федерер испадна во четвртфиналната фаза, а Рафаел Надал не се пријави за настап на Грен слем турнирот во Лондон.

>>> Федерер со честитки до Ѓоковиќ: Секоја чест, горд сум што играм во оваа ера!

По примерот на Швајцарецот, и шпанскиот ас испрати честитка до српскиот тенисер за остварениот успех.

„Честитки Новак за ова неверојатно достигнување. 20 грен слем титули е огромна работа и неверојатно е што ние сме тројца играчи израмнети со таа бројка. Браво и, повторно, честитки до тебе и твојот тим за ова!“.

Србинот го освои третиот сезонски Грен слем турнир, а на УС Опен ќе има можност да направи нешто што досега не му успеало на ниту еден тенисер од модерната ера на тенисот. 

Најнови вести од
Вимблдон