• Иван Димовски

Новак Ѓоковиќ е во исчекување дали ќе добие дозвола за патување во Соединетите Американски Држави за да се бори за трофејот на последниот Грен слем турнир УС Опен.
Српскиот ас не е вакциниран, а во моментов протоколите не му дозволуваат да влезе во САД. Сепак, Новак тренира и се подготвува, чекајќи добри вести и шанса да заигра. Тој го искористи моментот и преку својот Инстаграм профил се обрати до фановите, пред сè заблагодарувајќи се за огромната поддршка.
„Сакам да ја искориста оваа шанса да нагласам колку ми значи вашата поддршка и љубов која ми ја праќање. Не ја очекував во толкава мера и затоа мојата благодарност е огромна! Од срце ви благодарам.
Голема чест ми е што толку луѓе ја поддржуваат мојата кариера и сакаат да ме гледаат на терените пирум светот. Јас продолжувам да се подготвувам и тренирам како да сум во натпреварувачки ритам додека го очекувам одговорот дали постои било каква шанса да патувам во САД. Ви благодарам и држете ми среќа“, напиша Србинот.
- Објавата на Новак Ѓоковиќ:
Во својата кариера Ѓоковиќ трипати го креваше трофејот во Њујорк, минатата година загуби во финалето од Данил Медведев и сега се надева дека ќе може пак да го нападне тронот.
УС Опен оваа година е на програмата од 29 август до 11 септември.