Сампрас: Алкараз е совршено момче, тој е достојна замена за големата „тројка“ во тенисот

Поранешниот тениски шампион, Пит Сампрас, по подолго време се појави во јавноста и зборуваше на неколку теми, но најголемо внимание привлече неговата изјава во врска со Шпанецот Карлос Алкараз

Сампрас смета дека освојувачот на Вимблдон допрва ќе ја покажува својата сила и во него гледа идеална замена за најдобрата светска „тројка“ која доминираше минатите две децении. 

„Карлос за мене е совршено дете. Мирен, скромен и талентиран спортист. Можеби неговата младост го прави таков, но верувам дека нема да се промени и во иднина. Тој е предодреден да стане најголем шампион во овој спорт. 

Алкараз е повеќе од достојна замена за славната тројка, тука е секако и Синер, а зад нив се Зверев, Мевдедев и останатите. За мене секогаш ќе биде задоволство да ги гледам неговите мечеви, зашто знам дека секогаш ќе пружа феноменални партии“, рече Сампрас. 

Карлос Алкараз вторпат во низа го совлада Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон и се закити со четвртиот трофеј од Грен-Слем турнирите. 21-годишниот Шпанец импресионира со својот талент и наскоро се очекува повторно да се бори за првото место на АТП листата.