Сакате да го гледате финалето на Вимблдон? Ќе платите цело богатство...

Неверојатни се цените за спортските настани од првиот ранг, односно оние од самиот „крем“ на спортот.

Таков е случајот и со финалето на Вимблдон во кое в недела ќе се судрат Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз. Цените на билетите за овој меч вртоглаво скокнаа откако стана познато дека финалето ќе биде реприза на ланското. 

Ден во пресрет на мечот, англиската компанија „ТикПик“ тврди дека тоа е најскапиот настан кој го работеле. Билет за финалето меѓу Ѓоковиќ и Алкараз достигна вртоглави 10.600 долари, што е рекорд на компанијата која ги продава. 

Секогаш има и луѓе кои препродаваат билети, но и оние кои се среќни однапред да си имаат обезбедено вредно парче хартија по нормална цена.