Сакари ја среди досега безгрешната Швојнтек и ја исфрли од РГ!

Марија Сакари приреди сензација во четвртфиналето на Ролан Гарос, откако успеа да ја победи Ига Швојнтек со 2-0 (6-4, 6-4). 

Досега безгрешната полска тенисерка која немаше загубен сет во првите рунди, денес немаше решение за расположената колешка од Грција. Првиот сет тргна со по еден брејк во вториот и третиот гем, а во претпоследниот Сакари дојде до посакуваната предност и победи со 6-4. Вториот сет беше решен со еден загубен сервис, уште на стартот на Швјонтек, па ривалката само со сигурна игра стигна до победата. 

Во полуфиналето Марија Сакари ќе се пресмета со Барбора Крејчикова од Чешка, која во четвртфиналето утрово беше подобра од Кори Гауф со 2-0 (7-6, 6-3). 

Првото полуфинале ќе се одигра утре, во него ќе се пресметаат Павличенкова и Зиданшек од 15:00 часот, а час и половина подоцна ќе стартуваат Сакари и Крејчикова.