Сабаленка загуби само три гема и по осми пат ќе игра Грен слем полуфинале

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка убедливо ја совлада Чинвен Женг во четвртфиналето на УС Опен. Сабаленка до триумфот стигна по само 75 минути игра и без загубен сет – 6-1, 6-2.

Со тоа втората светска тенисерка продолжува со добрите игри, а за неа ова и е осмо Грен слем полуфинале во последните девет настапи. Сабаленка ќе се обиде да го повтори резултатот од минатата сезона кога играше во финалето, а ривалка во таа борба ќе и биде Ема Наваро.

Женг против Белорусинката немаше никакви шанси за изненадување, во текот на целиот меч бркаше негатива, успеа да стигне до само една брејк-топка, но не ја искористи. На крај освои само три гема и го заврши својот настап на овој Грен слем турнир. 

Втората полуфинална двојка ќе се дознае по мечевите Хадад Маја - Мухова и Швјонтек - Пегула.