• Иван Димовски
Арина Сабаленка игра во одлична форма и забележа тринаесетта победа во низа, за пласман во второто коло на ВТА турнирот во Пекинг.
Белорусинката во два сета ја совлада Маначаја Савангкаев од Тајланд (2-0). Аутсајдерката пружи отпор на стартот, го загуби првиот сет со 6-4, а потоа Сабаленка со 6-1 го затвори мечот.
Во второ коло се пласираше и Јасемин Паолини со победата над Клара Таусон (2-1). Италијанката мораше да игра три сета за да оди понатаму. Данската тенисерка отвори со одлични 6-1, па потоа Паолини со 7-5 и 6-4 направи пресврт.
Победи забележаа и Мухова, Хадад Маја, Анисимова, Касаткина...