Сабаленка сигурна, експресно ја исфрли Женг за полуфинале во Њујорк

Втората носителка на женскиот турнир на УС Опен, Арина Сабаленка не дозволи изненадување и убедливо се пласира во полуфиналето, победувајќи ја Кинвиен Женг со 2-0 (6-1, 6-4). 

Белоруската тенисерка играше час и 14 минути пред целосно да ја отпише ривалката од Кина на „Артур Еш“ во Њујорк. Првиот сет тргна одлично за Сабаленка, која со два брејка дојде до водство од 5-0 и потоа со 6-1 дојде до предност во сетови. 

Женг пружи отпор во вториот сегмент. Во него не дозволи лесно да загуби свој сервис на почетокот, меѓутоа фаворитката успеа во седмиот гем да дојде до исчекор кон победата. Потоа Сабаленка со 6-4 да го затвори натпреварот за полуфинале. 

Во фазата на четири најдобри, Сабаленка ја чека подобрата од мечот на Вондроушова и Кејс.