Сабаленка шокираше со проѕирниот фустан: „Кому му е гајле што мислат другите?“ (ВИДЕО)

Првата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, повторно се најде во центарот на вниманието, но овојпат поради својот изглед. Белорусинката настапи во мешани двојки со Новак Ѓоковиќ на УС Опен, а нејзината портокалово-црна комбинација со проѕирни детали предизвика поделени реакции.

Додека едни го пофалија нејзиниот храбар стил, други сметаа дека таквата облека не му доликува на светскиот рекет број еден. Особено внимание привлече мрежестиот стајлинг на „Најк“, во комбинација со впечатлив накит.

Сепак, Сабаленка не се оптоварува со критиките. Таа објасни дека изгледот бил инспириран од кошарката и препознатливата енергија на Њујорк, а идејата била да се вклопи во спортската атмосфера на овогодишниот турнир.

На забелешките за нејзиниот стајлинг, Белорусинката имаше краток и јасен одговор: „Кому му е гајле што мислат другите?“

Очигледно, Сабаленка нема намера да дозволи туѓите мислења да влијаат врз нејзиниот избор.