Сабаленка првпат загуби сет, но најде решение за борбената Швјонтек

Белорусинката Арина Сабаленка е првата финалистка на овогодинешниот Ролан Гарос. Попладнево, во првиот полуфинален меч, таа ја победи Ига Швјонтек од Полска со 2-1 во сетови (7-6/1, 4-6, 6-0) по 142 минути борба.

Сабаленка го започна мечот брилијантно, поведе со 3-0, потоа и со 4-1 со брејк, но Ига Швјонтек освои четири гема по ред и ја врати целосната неизвесност во првиот сет. Следуваше тај-брејк, каде што Сабаленка беше доминантна, ѝ допушти само еден поен на својата противничка и го доби сетот.

Овој сет не ја поколеба Швјонтек, која имаше брејк предност на почетокот на вториот сет. Тој брејк подоцна се покажа дека тоа е клучната предност во овој сет. Овој сет е првиот што Сабаленка го загуби од почетокот на турнирот. Белорусинката покажа карактер и не ѝ дозволи на полската хероина да освои гем во третиот сет.

Кого Белорискинката ќе предизвика во борбата за титулата ќе дознаеме вечерва по второто полуфинале, во кое ќе се сретнат Французинката Боасон и Американката Коко Гоф.

ФОТО/PHOTO: Roland Garros/Twitter