• Саше Љолес
Американката Аманада Анисимова приреди големо изненадување во полуфиналето на Вимблдон и ја елиминираше првата светска тенисерка, Арина Сабаленка, со 2-1, по сетови 6-4, 4-6 и 6-4.
Беше видена голема борба која траеше два часа и 38 минути, а победата на крајот замина кај Анисимова, за која ова ќе биде прво големо финале на „Ол Ингланд Клубот“ во Лондон.
23-годишната Американка ѝ го „зеде скалпот“ на првата фаворитка за освојување на турнирот, а во мечот за трофејот ќе се соочи со подобрата од дуелот меѓу Белинда Бенчиќ од Швајцарија и Ига Швјонтек од Полска.
ФОТО/PHOTO: Wimbledon/Twitter/X




