• Саше Љолес
По поразот во финалето на Австралија Опен од Елена Рибакина со 4-6, 6-4, 4-6, Арина Сабаленка зборуваше за својата игра и за тоа како го доживеала натпреварот.
Потенцираше дека двете тенисерки прикажале агресивна игра, додавајќи дека Рибакина се однесувала „како да нема што да загуби“ и затоа на моменти многу ризикувала.
„Се лутам самата на себе за многуте грешки што ги направив. Секогаш се трудам да извлечам поука од ваквите болни порази. Знам дека можев да победам, но овој пат тоа не се случи. Рибакина играше како да нема што да изгуби, тоа го забележав кога дојде до два брејка во третиот сет.
Денес сум поразена, но утре повторно ќе бидам победник. Не се разочарувам, во спортот не можете секогаш да бидете најдобри. Засега останувам на четири Грен-Слем титули, но не се откажувам и ќе се борам за уште поголеми успеси во иднина“, заклучи Белорусинката.
И покрај поразот, Сабаленка ќе остане на првата позиција на ВТА листата.



