ВИДЕО: Сабаленка покажа моќ над Анисимова и го освои УС Опен!

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка го освои Отвореното првенство на Соединетите Американски Држави во тенис, откако вечерва во финалето ја победи Американката Аманда Анисимова со 6-3, 7-6/3. Мечот траеше 94 минути и имаше драматични моменти.

Сабаленка на тој начин потврди дека е тенисерка број еден во светот, додека Аманда Анисимова се искачи на четвртото место на АТП листата по уште едно финале на Гренд слем турнир. По триумфот, Сабаленка падна на колена, заплака од радост и ја прослави победата како што доликува.

Ова беше десетти дуел помеѓу белоруската и американската тенисерка, а четврти триумф за Сабаленка, која со оваа победа ја одбрани титулата на Отвореното првенство на САД. Што се однесува до самиот меч, Сабаленка направи серија од четири гема и на тој начин го презеде водството во сетови.

Вториот сет ни донесе уште два брејка за Сабаленка, но Анисимова се врати и изнуди тај-брејк. Во тринаесеттиот гем на теренот беше само Белорусинката и на крајот заслужено славеше. Со триумфот во Њујорк, Белорусинката стигна до 21-та титула во кариерата, и четвртиот трофеј од Гренд слем турнирите.

ФОТО/PHOTO: US Open