Сабаленка по минута заработувала 3.500 долари повеќе од Синер

Наградните средства на Грен слемовите се еднакви, сите учесници добиваат исто, но фактот што тенисерките играат на два добиени сета често резултира со драстични разлики во заработката по единица време.

Така се случи и годинава и Арина Сабаленка имаше многу полесна задача од Јаник Синер. Шампионските чекови на освојувачите на турнирот во Мелбурн изнесуваат по 3.150.000 австралиски долари, но фактот што женските мечеви се скоро секогаш пократки од машките прави разлика кога оваа заработка се дели со времето поминато на теренот.

На пример, Белорусинката во игра поминала осум часа и 11 минути, што значи дека нејзината заработка по минута изнесувала 6.415 долари. Од друга страна, Синер поминал 18,5 часа во играта и заработувал 2.863 долари за минута.

Разликата е уште поголема кога е само финалниот меч во прашање. На Сабаленка ѝ беа потребни само 77 минути за лесна победа против Женг, а на Синер 216 минути. Кога се знае дека само победата на оваа средба донесе 1.425.000 долари, јасно е уште колку пот требаше да пролее Италијанецот за истата награда.

Ваквите пресметки секогаш предизвикуваат гнев кај два спротивставени табора - борците за женска еднаквост и оние кои сметаат дека тенисерките мора да бидат платени за трудот што го вложиле, односно да има разлика меѓу двата пола.