• Саше Љолес
Првата светска тенисерка, Арина Сабаленка, се огласи по шокантниот пораз во четвртфиналето на Ролан Гарос, каде беше елиминирана од Дијана Шнајдер.
Сабаленка доживеа исклучително непријатен пораз и се доведе во незавидна ситуација откако имаше сервис за победа, но потоа следуваше огромен пад во концентрацијата.
„Немам мисли, немам емоции. Сакам да се повлечам од тенисот. Се надевам дека ментално ќе се вратам на вистинскиот пат. Имав одлична прилика да го завршам мечот во вториот сет, но се зафркнав комплетно.
Ривалката го искористи моментот, играше агресивно и успеа да победи. Не можев да се вратам по грешките во вториот сет, тоа беше пресудно денес. Не знам кога ми се случичо да изгубам десет гема во низа, навистина неверојатно“, рече Сабаленка.
Белоруската тенисерка важеше за најголем фаворит за трофејот во Париз, но сега ја препушта битката на нејзините противнички, кои прикажаа извонреден тенис во завршната фаза од турнирот.




