Сабаленка лесно ја реши Бадоса и ќе ја брани титулата во Мелбурн

Арина Сабаленка е прв финалист на Австралија Опен. Белоруската тенисерка ја совлада во полуфиналето Паула Бадоса од Шпанија со сигурни 2-0, по сетови 6-4 и 6-2 и ја заврши работата за нешто помалку од час и половина. 

Белорусинката започна со изгубен сервис во првиот сет, но потоа двапати направи „брејк“ и го завери со 6-4, а во вториот сет Бадоса направи повеќе грешки кои беа умешно искористени од водечката на ВТА листата. 

Сабаленка во големото финале ќе ја чека подобрата од вториот полуфинален дуел, каде ќе се сретнат Американката Медисон Кис и Полјчката Ига Швјонтек. За Сабаленка ова ќе биде трето финале во низа во Мелбурн, откако претходните две години беше подобра од Кинвен Женг и Елена Рибакина