Сабаленка лесно ја преслуша Остапенко и се избори за полуфинале во Рим

Белоруската тенисерка, Арина Сабаленка, се избори за пласман во полуфиналето на АТП Мастерсот во Рим, откако славеше над Летонката Јелена Остапенко со 2-0, по сетови 6-2 и 6-4. 

Мечот траеше вкупно 72 минути, а втората светска тенисерка стигна до третиот триумф во исто толку натпревари против ривалката. Сабаленка во полуфиналето ќе се сретне со подобрата од дуелот помеѓу Викторија Азаренка и Даниела Колинс. 

Претходно, пласман меѓу четирите најдобри обезбедија Полјачката Ига Швјонтек и Американката Коко Гоф.