Сабаленка: Кис го удираше топчето посилно и од Серена 

Арина Сабаленка не успеа да го одбрани тронот во Мелбурн, затоа што во големото финале беше надиграна од Медисон Кис од САД. Американката славеше со 2-1 во сетови и со тоа го забележа најголемиот успех во кариерата. 

Сабаленка се смета за една од тенисерките кои најсилно го удираат топчето и тоа не само во овој момент. На прашањето да ја спореди силата на Кис со некои други тенисерки кои можат да погодат исклучително силно, како Серена Вилијамс или Јелена Рибакина, таа вели:

„Ако игра како во финалето, Медисон погодува најсилно. Нејзините топки беа многу брзи, длабоки, агресивни. Доколку продолжи да игра вака, наскоро ќе се најде во првата петорка во светот“, рече Сабаленка.

Сабаленка на утрешната ВТА ранг листа ќе остане на првата позиција, додека Кис ќе напредува и сигурно ќе се најде во Топ 10.