Сабаленка ја совлада Возњацки - па загуби од Мертенс, елиминирани Шарапова и Вилијамс

Белорусинката Алина Сабаленка го направи најголемото изненадување на Роџерс Купот во Монтреал, откако со 2-1 (5-7, 6-2, 7-4/4) ја совлада Каролин Возњацки. За Сабаленка победата против данската тенисерка е една од најголемите, бидејќи претходно од ТОП 10 славеше само против Каролина Плишкова.

Младата белоруска тенисерка, иако го загуби првиот сет, во продолжение целосно се издигна, го доби вториот со сигурни 6-2. Во третиот сет имаше и брејк негатива, на крајот го одведе мечот во тај-брејк, кој го доби со 7-4 за пласман во третото коло. Веднаш потоа, Сабаленка го одигра мечот и од осминафиналето против Елис Мертенс, но едноставно немаше сили и беше совладана со 2-1 (2-6, 7-6/1, 6-0).

Пласман во четвртфиналето обезбеди и Симона Халеп по победата против Венус Вилијамс со 2-0 (6-2, 6-2), а таму ќе се сретне со Каролин Гарсија, која ја елиминира Марија Шарапова со 2-0 (6-2, 6-3).