Сабаленка ја реши и Паолини и е прва полуфиналистка во Ријад

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка се пласира во полуфиналето на завршниот турнир во Ријад, откако во второто коло од групата А ја совлада Јасмин Паолини од Италија со 6-3, 7-5.

Ова беше петта средба на двете тенисерки и трета победа за Сабаленка. Белоруската тенисерка по две кола има две победи и на коло пред крајот на групната фаза обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот во Ријад.

Во третото коло од групата Сабаленка ќе игра против Елена Рибакина, која ги загуби шансите за пласман во полуфиналето.

Паолини има победа и пораз, па во третото коло ќе игра против Чинвен Женг за пласман во полуфиналето. Претходно попладнево Чинвен Женг ја совлада Рибакина со резултат 7-6/2, 3-6, 6-1.