• Иван Димовски

Арина Сабаленка се пласира во осминафиналето на Вимблдон, откако ја совлада домашната тенисерка Ема Радукану во два тешки сета (2-0).
Белорусинката на „Централниот терен“ славеше по двочасовна борба и се пласира меѓу шеснаесетте најдобри. Првиот сет беше целосно израмнет, Радукану двапати поведе со брејк, ама не успеа да издржи. Во тај-брејкот сепак подобра беше Сабаленка и со 8-6 го доби првиот сет.
Слично беше и во вториот сет, Радукану прва поведе и потоа падна. На крајот фаворитката си ја исполни целта користејќи ја третата меч-топка (6-4). Следна ривалка на Сабаленка ќе ѝ биде Мертенс.
Победи за осминафинале забележаа Анисимова, Сиера, Павличенкова, Картал, Носкова, Зигмунд...
ФОТО/PHOTO: Wimbledon/Twitter