• Иван Димовски
Арина Сабаленка и Аманда Анисимова се пласираа во финалето на УС Опен и ќе се судрат за трофејот на последниот Грен слем трофеј во годината.
Првата светска тенисерка во три сета ја доби Џесика Пегула (2-1). Иако Американката отвори подобро и го доби првиот сет со 6-4, следуваше одговор од Сабаленка. Белорусинката одговори со 6-3 во вториот и 6-4 во третиот сет, па за два часа и седум минути ја затвори борбата за финале и ќе го брани трофејот на турнирот.
Аманда Анисимова по Вимблдон, се пласира во финалето и на УС Опен. Домашната претставничка беше подобра од Наоми Осака во драматичен меч (2-1) во кој имаше два тај-брејка. Во првиот сет Осака беше подобра во доигрувањето (7-4), а потоа Анисимова со 7-3 успеа да израмни. Во решавачкиот трети сет Американката со еден брејк дојде до 6-3 и пласман во ново финале.
Мечот за трофејот на Вимблдон е закажан в сабота во терминот од 22:00 часот.
ФОТО:PHOTO: US Open Tennis/Twitter



