• Горан Упале
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Индијан Велс.
Белорусинката во четвртфиналето во два сета со 6-2, 6-3 ја совлада 25. рангирана во светот Русинката Људмила Самсонова. Светскиот рекет број еден пет пати ја брејкна руската тенисерка, додека Самсонова се избори за само два брејка.
Сабаленка во полуфиналето ќе игра против петтопласираната Американка Медисон Кис, која на доминантен начин ја победи 58. тенисерка во светот Белинда Бенчиќ со 6-1, 6-1.
Во вториот полуфинален меч ќе се сретнат второрангираната светска тенисерка, Ига Швјонтек, која ја брани титулата, против Русинката Мира Андреева.