• Иван Димовски
Арина Сабаленка ја оправда фаворитската улога и се пласира во полуфиналето на Австралија Опен со победата над Барбора Крејчикова од 2-0 (6-2, 6-3). Ривалката од Чешка немаше сили да и парира на тенисерката од Белорусија која за час и 11 минути го реши четвртфиналниот дуел во своја корист.
Уште од стартот по освоениот гем на Крејчикова, се наметна Сабаленка која направи два брејка и поведе со 4-1. Иако ривалката врати еден, фаворитката со 6-2 го затвори сетот во своја корист.
Слично се одвиваа работите и во вториот сет, практично исто како во првиот до 4-2 со ист распоред на брејкови. Потоа Сабаленка со 6-3 дојде до победата и пласман понатаму.
Полуфинална ривалка на Арина Сабаленка ќе ѝ биде Коко Гоф.