• Зоран Мишевски
Арина Сабаленка е нова шампионка на УС Опен. Во големото финале втората светска тенисерка на светот по голема борба и 114 минути игра ја совлада шестата на ВТА листата, Американката Џесика Пегула со 7-5, 7-5.
Така, во своето второ финале во Њујорк, тенисерката од Минск ја освои првата титула на Флешинг Медоус, но и третиот Грен слем во кариерата, бидејќи беше најдобра во Мелбурн на последните два турнири.
Арина го надополни ланскиот пораз од Коко Гоф, а воедно ја повтори и победата над Пегула од неодамна одиграното финале на Мастерсот во Синсинати.
Сабаленка ја потврди силата на брза подлога. Ова е нејзина 27-ма победа во 28 Грен слем меча на бетон во последните две години.