Сабаленка доминира на ВТА листата, Ѓорческа едно место подолу

На најновата ВТА листа, првото место сè уште го држи Арина Сабаленка, додека најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа мал пад. Белорусинката има 10.100 освоени бода и прилично голема разлика на врвот во споредба со второпласираната Елена Рибакина со 8.555.

Од оваа недела, Ига Швјонтек е на третото место со 6.948 бода, иако се откажа рано од Мастерсот во Мадрид поради здравствени причини, прескокнувајќи ја Коко Гоф која сега има 6.749.

Следуваат  Џесика Пегула, Аманда Анисимова, Јасмин Паолини, Викторија Мбоко и Елина Свитолина, кои ги комплетираат Топ 10 тенисерки во светот.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа има пад од едно место и сега е на 191. позиција на ВТА.