Сабаленка без проблеми ја реши Гоф и ќе игра финале на АО

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е прва финалистка на Австралија Опен. Сабаленка, која ја брани титулата во Мелбурн, во полуфиналето ја победи Американката Коко Гоф со 2-0. Во сетови беше 7-6/2, 6-4, а натпреварот на „Род Лејвер Арена“ траеше еден час и 44 минути.

На тој начин втората тенисерка на светот се реваншираше за за поразот во финалето на УС Опен минатиот септември. Во второто полуфинале се среќаваат Украинката Јастремска и Кинезот Женг.

Првиот сет беше многу возбудлив и исполнет со одлични поени. Пред влезот во тај-брејкот беа забележани шест брејка, а во клучните моменти Сабаленка доминираше со 7-2 дојде до предност од 1-0 во стови.

Во вториот сет и двете тенисерки ги чуваа своите сервиси во првите осум гема, а потоа Белорусинката стигна до брејк, поведе со 5-4 и подоцна безбедно сервираше за пласман во новото финале во Мелбурн. Треба да се напомене дека Сабаленка не загуби ниту еден сет на патот до финалето.