• Саше Љолес

Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, со победа го започна настапот на УС Опен. Белорусинката во првото коло во Њујорк ја совлада Колумбијката Камила Осорио со 6-2 и 6-4 за вкупно 87 минути игра.
Сабаленка доминираше во текот на целиот меч, направи три брејка во првиот и два во вториот сет, па без поголеми проблеми обезбеди пласман во следната рунда.
За место во третото коло, Сабаленка ќе игра против Русинката Полина Јатченко. Во второто коло се пласираа и Каролина Мухова, Марије Бузкова, Лили Тагер, Мананчаја Савангкаев и Химено Сакацума.









