Сабаленка без многу мака се пласираше во четвртфиналето во Синсинати

Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, се пласираше во четвртфиналето на ВТА турнирот во Синсинати, откако во осминафиналето ја победи Џесика Бузас Манеиро од Шпанија со 2-0 во сетови, (6-1 и 7-5). 

Ова беше нивен втор меѓусебен дуел и втора победа за Сабаленка, која ја брани титулата на турнирот во Синсинати. Мечот траеше вкупно 81 минута. 

Во четвртфиналето Сабаленка ќе игра против Елена Рибакина од Казахстан, која претходно ја совлада Американката Медисон Киз со 2-1 во сетови. 

Пласман во четвртфиналето избори и Русинката Ана Калинскаја, која ја победи сонародничката Екатерина Александрова, исто така со 2-1 во сетови. 

ФОТО/PHOTO: Cincinnati Open/Twitter/X