Русија по голема драма ја исфрли Србија од Дејвис Купот

Тениската репрезентација на Русија патува во полуфиналето на Дејвис Купот, затоа што во натпреварите беше подобра од Србија.

Русите се пласираа меѓу најдобрите четири репрезентации во светот по три драматични мечеви, со една победа во сингл и една во двојки.

Пласманот во полуфиналето за Русија го донесе дуелот во кој Карен Качанов и Андреј Рубљов успеаја со 2-1 во сетови (6-4, 4-6, 7-6) да слават над Новак Ѓоковиќ и Виктор Троицки. Во сингл, пак, Крајиновиќ загуби од Рубљев (1-6, 2-6), додека Ноле беше подобар од Качанов (6-3, 6-3).

„Зборнаја“ во полуфиналето ќе игра против репрезентацијата на Канада.