Русија ќе ја предизвика Хрватска во финалето на Дејвис Купот

Тениската репрезентација на Русија е вториот финалист на Дејвис Купот, откако во полуфиналето беше подобра од Германија (2-1).

Прашањето околу вториот финалист се реши со победите во сингл-конкуренција кои ги извојуваа Андреј Рубљев и Данил Медведев.

Рубљев во мечот го победи Доминик Коепфер со 6-4, 6-0, додека Медведев со идентичен резултат славеше над Јан-Ленард Штруф (6-4, 6-4). Мечот во двојки го загубија Карацев и Качанов, против Кравитц и Пуец (6-4, 3-6, 4-6).

Во мечот за титула Русија ќе се судри со Хрватска. За Русите ова е прво финале по 2007 година.