Русија доби нов владетел во Париз – Данил Медведев

Рускиот тенисер Данил Медведев одигра одлично во финалето на Мастерс-турнирот во Париз, Франција, славеше со 1-2 во сетови (7-5, 4-6, 1-6) против Александар Зверев и дојде до нова Мастерс-титула во својата кариера.

По Качанов, Давиденко и Сафин, Русија доби нов владетел во Париз. Медведев беше далеку подобар противник од Германецот и заслужено се радува на третата Мастерс-титула во кариерата.

Иако го загуби првиот сет поради еден брејк при негатива од 6-5, Медведев успеа да направи пресврт. Во вториот сет клучен беше брејкот за предност од 4-5, додека во третиот решавачки сет, играта кај винерите беше далеку подобра, па Медведев направи два брејка, тргна со предност од 0-4 и мирно го реши мечот.

За Медведев ова беше третата Мастерс-титула во четвртото финале. Победи на турнирите во Шангај и Синсинати во 2019 година против Давид Гофан и Александар Зверев, а истата година загуби во Канада од Рафаел Надал.