Руне рутински го мина Хачанов и заштеди сили за финалето во Барселона

Данецот Холгер Руне ја потврди својата одлична форма и лесно го надигра Русинот Карен Хачанов со 2-0 (6-3 и 6-2), обезбедувајќи пласман во финалето на АТП турнирот во Барселона. 

Руне рутински ја оправда благата фаворитска улога и доминантно се прошета до мечот за трофејот, каде ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Карлос Алкараз и Артур Филс. 

Денешниот меч траеше само еден час и седум минути, па така Руне прилично одморен ќе влезе во најважниот дуел на турнирот. Во второто полуфинале Алкараз е голем фаворит против Французинот Филс, кој е четиринаесетти тенисер на АТП листата.