Руне: Надал го нема, прв фаворит на РГ е Ѓоковиќ

Холгер Руне одигра сосема респектабилен турнир во Рим, меѓутоа во финалето беше поразен од Данил Медведев. За младиот Данец ова беше добра увертира за Ролан Гарос, турнир на кој според него само еден тенисер е апсолутен фаворит. Секако, се работи за Новак Ѓоковиќ, ривалот кој токму Руне го исфрли на Мастерсот во „вечниот град“. 

„Медведев е тука некаде, но мислам дека Новак е прв фаворит во Париз. Тој има најмногу Грен слем титули, најискусен е. Дури потоа доаѓаат Алкараз и Медведев.

Ако морам да бирам фаворит, секако тоа ќе биде Ѓоковиќ. Сепак, сега на Ролан Гарос е сè отворено бидејќи го нема Рафа, а тој го креваше трофејот дури четиринаесет пати“, изјави Руне.

Ѓоковиќ има шанса на омилениот турнир на Надал да го надмине на вечната листа по бројот на Грен слем трофеи. Двата големи шампиони засега се израмнети на по 22 освоени титули на големите турнири.